Успешна приказна – Сенад Сејфиќ

По успешното завршување на Академијата, Сенад ја искористи можноста за пракса во Avenga Academy.
Сите студенти добиваат можност за пракса во Avenga Academy по завршувањето на Академијата, бидејќи тоа претставува уште еден реален проект во кој што можат да го применат своето знаење стекнато за време на Академијата.
Прочитајте ја успешната приказна на Сенад за своето искуство на Академијата компјутерски мрежи и ITOps.

За почеток да те запознаат нашите читатели, кој е Сенад?

Сенад е библиофил, дипломиран електро инженер во областа на компјутерски науки, кој работи како професор во средно училиште и е вечен заљубеник во техничките науки.

Се одлучи за до-усовршување на твојата професија, зошто твојот избор беше Avenga Academy?

Мојот избор беше производ на повеќе месечно истражување, се со цел да бидам сигурен дека ќе ги добијам соодветните информации и знаења поврзани со Cloud Ops во целина.

Што би истакнал од академијата?

Академијата за компјутерски мрежи и ITOps ми пружи сеопфатен дијапазон врзан за компјутерските мрежи CISCO, Windows Server, Microsoft Azure, како и многуте елементи врзани за Cyber Security.

Со какви предизвици се соочи на Академијата?

Моите предизвици на Академијата првенствено беа поврзани со усогласеноста на моите работни обврски и со редовното следење на наставата. Одличната координација со менторите ми помогна успешно да се справам со сите задачи.

Во моментов си на пракса во Avenga Academy какво е твоето досегашно искуство?

Искуството кое го имам на праксата е мошне позитивно бидејќи работиме на реални проекти, го применуваме веќе наученото од Академијата, како и нови работи кои ги знаевме како теоретски концепти ги преточуваме во реална работа.

Порака до сите идни студенти?

На секој иден студент би му ја препорачал оваа Академија. Cloud Ops Академијата во Avenga Academyги содржи сите потребни елементи за да станете експерт во компјутерски мрежи. Тоа се пред се Менторите, практичните вежби, како и работата на реални проекти.

Scroll to Top