Обука која нуди знаења и вештини за создавање и уредување професионални документи, како што се брошури, списанија и книги.
InDesign дава извонредни резултати, особено при комбинирање на фотографии со текст, овозможувајќи прецизна контрола врз распоредот на елементите и типографијата. Како дел од Adobe Creative Suite, InDesign е алатката која ги поврзува онлајн и офлајн издаваштвото
Секој што е заинтересиран за проширување на знаењата во користење на оваа Adobe алатка.
За посета на оваа обука не е потребно посебно предзнаење.
Тренер на обуката е Јулијана Ацовска, координаторка на Академијата за графички дизајн во Qinshift Academy. Таа е тренер за MS Office и Adobe обуки за крајни корисници со повеќе од 15 години искуство.
Локација: 11-ти Октомври 33a, Скопје 1000