Computer Hacking Forensic Investigator -C|HFI

Програмата на EC-Council која ги подготвува професионалците од областа на сајбер безбедност со знаење и вештини да спроведуваат ефективни дигитални форензички истраги.

Форензичката спремност е пресудна и може да ја направи разликата помеѓу мал инцидент и голем сајбер напад кој би ја бутнал компанијата на колена.

Опис

Ова обука вклучува воспоставување на форензички процеси, лабораториски и доказни процедури, како и истражни процедури подребни за валидирање/тријажа на инциденти, да ги насочат тимовите за одговор на инцидените во вистинска насока, и да ги подготват професионалците од оваа област да ги доведат нивните организации во состојба на форензичка спремност.

Програма
1. Компјутерска форензика во денешно време
2. Истражувачки процес на компјутерска форензика
3. Разбирање на тврди дискови и фајлов систем
4. Аквизиција и дуплирање на податоци
5. Победа над анти-форензичките техники
6. Форензика на Windows
7. Форензика на Linux и Mac
8. Форензика на мрежа
9. Форензика на малициозен софтвер
10. Истражување на веб напади
11. Форензика на мрачен веб (Dark Web)
12. Форензика на облак
13. Форензика на електронска пошта и социјални медиуми
14. Форензика на мобилни уреди
15. IoT форензика
16. Хакирање безжични мрежи

FAQ

Целна група на слушатели

CHFI Програмата е наменета за сите ИТ професионалци инволвирани во сигурноста на Информациониот систем, компјутерска форензика и одговор на инциденти.

ИТ/Форензички професионалци со основно познавање на ИТ/сајбер безбедност, компјутерска форензика, одговор на инциденти и вектор на закани.

Се препорачува слушателите претходно да ја имаат посетувано обуката за Сертифициран Етички Хакер (Certified Ethical Hacker – CEH) пред да се запишат на CHFI.

Наставата за оваа обука се одвива целосно на македонски јазик.

На часовите се објаснува теоријата и се даваат домашни задачи чии решенија се образложуваат на самите часови. Се споделуваат искуства од проектите на кои работат слушателите и се дискутираат можни решенија, добри пракси и слично.

Горан Милев е тренер со големо искуство и сертификации во областа, воедно е и сертифициран EC-Council инструктор.

Computer Hacking Forensic Investigator
C|HFI

1.100 €​​

Scroll to Top