Академија за сајбер безбедност и етичко хакирање

Академијата за сајбер безбедност ве води во најбараната област на денешнината, водејќи ве во тајните сфери на сигурноста на онлајн светот. 

Стани етички хакер и специјалист за сајбер безбедност и учествувај во градењето на сигурни продукти со единствената aкадемија за сајбер безбедност во Македонија!

Опис

Академијата за сајбер безбедност и етичко хакирање нуди специјализирана програма дизајнирана за обука на професионалци кои ќе можат ефикасно да ги заштитуваат информациските системи и инфраструктури. Истата ќе ти помогне да се насочиш кон безбедност на мрежи, контрола на апликации, сервиси и уреди, како и теоретски и практично да се запознаеш со можните напади и начини на нивно спречување. Програмата вклучува и современи обуки во областа на вештачката интелигенција, овозможувајќи ти да развиеш иновативни пристапи во детекција и превенција на дигитални закани.

Придобивки
    • Ваучер за стекнување CEH сертификат
    • Кариерно советување
    • Бесплатни обуки во вредност од  740€​​:
      • Обука за тимска работа и вовед во корпоративна култура во вредност од 120 €
      • Обука за меки вештини во вредност од 220 €
      • НОВО – 10 вешто дизајнирани курсеви за вештачка интелигенција, прилагодени за сајбер безбедност, кои овозможуваат стекнување на  следниве вештини во вредност од 400€​​:

Програма

1. Cisco Network Essentials
2. AZ-104: Azure Administrator
3. AZ-500: Azure Administrator
4. SC-300: Microsoft Identity and Access Administrator
5. CEH (Certified Ethical Hacker- EC Council)
6. AI пакет обуки
Ментори
Вашата кариера, наша гордост

FAQ

Како се одвива наставата?

Наставата е целосно онлајн и истата се оддржува во понеделни, среда  и секој втор петок почнувајќи од 17:30 часот до 20:45 часот.

Пожелно е, но не е неопходнo. Студентот ќе полага предтест и ќе има разговор со одоговорно лице на aкадемијата.

Со обуката ќе добиеш ваучер  за полагање и можност за уште едно бесплатно преполагање, бидејќи Avenga Academy за своите студенти го набавува Elite пакетот од EC Council

Важноста на ваучерот е 12 месеци од моментот на активирање на лабовите. Доколку при првиот обид се падне на испитот, следното бесплатно преполагање може да се закаже откако ќе поминат 3 месеци.

Верзијата на програмата за сертифициран етички хакер е CEH v13 AI каде е вклучено користењето на AI асистент за етичко хакирање. Дополнително, Avenga Academy преку EC Council  обезбедува и 10 AI обуки наменети за сајбер безбедност со вкупна вредност од 400 евра.

Школарината може да се плати во целост, на рати преку Avenga Academy или во соработка со ПроКредит банка.

Подетални информации побарајте од одговорното лице за продажба.

Академија за сајбер безбедност и етичко хакирање
Редовна цена
2.900 €​​
На рати
2.600 €​​
Во готово
2.500 €​​
Scroll to Top