onsite Academy

Дизајнирај искуства што луѓето ги паметат со UI/UX Дизајн Академија​

Добриот дизајн не е само како изгледа еден производ – туку како функционира, како се користи и како се чувствува корисникот додека го користи.

Изгради практични вештини и портфолио за следниот чекор кон кариера во UI/UX Design.
Уписите се во тек.

190+

Земји Опфатени

20,000+

Партнерски Компании

100%

Remote Проекти

За кого е наменета оваа програма?

Програма

Процес на дизајн и истражување
Започни од корисникот

модули

Вовед во корисничко искуство и методи на истражување Процеси при дизајн на кориснички интерфејс

Идеално ако започнуваш од нула и сакаш да разбереш како корисниците размислуваат и како се гради добро корисничко искуство.

Кариерен исход

Поддршка во истражување на корисници и процес на дизајн
Разбираш што е корисничко искуство и како се мери
Применуваш методи за истражување на кориснички потреби
Следиш структуриран процес на дизајн на кориснички интерфејс
Го претвораш корисничкиот проблем во јасна дизајнерска насока

модули

Уредување и манипулација на фотографии Принципи и техники на векторска графика

Идеално ако сакаш да ги совладаш алатките за обработка на фотографии и векторска графика што ги користат веб дизајнерите.

Кариерен исход

Подготовка на визуелни материјали за дигитални проекти
Уредуваш и ретушираш фотографии за веб и дигитални проекти
Создаваш векторска графика, икони и илустрации
Дизајнираш веб елементи за интерфејси
Подготвуваш визуелни материјали за понатамошен UI дизајн

модули

Вовед во кориснички интерфејс Дизајнирање на кориснички интерфејс со векторска алатка

Идеално ако сакаш да научиш како се дизајнира кориснички интерфејс од основи до готови екрани.

Кариерен исход

Дизајн на кориснички интерфејси
Разбираш принципи и компоненти на кориснички интерфејс
Дизајнираш екрани и интерфејси со векторска алатка
Применуваш визуелна хиерархија, боја и типографија во интерфејс
Градиш конзистентни и читливи UI елементи

модули

Креирање дизајни и прототипи Креирање на UI/UX портфолио

Идеално ако сакаш да ги соединиш сите стекнати вештини во завршен дигитален продукт и професионално UI/UX портфолио.

Кариерен исход

дизајн на дигитален продукт од идеја до прототип
Креираш дизајни и интерактивни прототипови
Го водиш дизајнот од кориснички проблем до финално решение
Градиш професионално UI/UX портфолио
Подготвен/а си за junior позиции во UI/UX и веб дизајн
Цена за целата програма (Ниво 1–4)
Редовна
1.600 €
На рати
1.400 €
Во готово
1.250 €

Како функционира програмата?

Гради ја својата кариера во UI/UX Design чекор по чекор.
Совладај го UI/UX дизајнот преку практична работа во Figma – од основните принципи на дизајн, креирање wireframes и интерактивни прототипи, до дизајнирање целосни дигитални производи.

Научи како да ги истражуваш потребите на корисниците, да создаваш интуитивни и функционални кориснички искуства и да го подготвиш својот дизајн за development тим.

Преку реални проекти ќе изградиш портфолио што ги покажува твоите вештини и ќе те подготви за следниот чекор во UI/UX кариерата.

Со завршување на академијата добиваш МОН сертификат за стручната квалификација „Оператор за UI/UX дизајн“.
Реално сценарио

Зошто токму нашата
Академија за UI/UX?

Кај нас не работиш само на измислени проекти. Работиш на реален бриф од вистински клиент, ги истражуваш потребите на корисниците и го поминуваш целиот UI/UX процес – од првата идеја и wireframes до финален дизајн и интерактивен прототип во Figma.

Ќе научиш како да пристапиш кон вистински дизајнерски предизвик, да донесуваш аргументирани одлуки и да создадеш решение што одговара на реални потреби.

Резултатот? Практично искуство и проект во твоето портфолио што покажува не само што знаеш да дизајнираш, туку и како размислуваш како UI/UX дизајнер.

Типична академија
Avenga Academy
Локален пазар, локални шанси

По завршување си ограничен на локалниот пазар на труд без контакт со меѓународни компании.

Виртуелни пракси во 190+ земји

Добиваш пристап до глобална платформа со 20,000+ компании уште за време на учењето.

земји
0 +
Практикантски можности во
Компании
0 +
Мрежа од
Алумнисти
0 +
Заедница од
глобални кариерни можности, секој ден
0 +
Пристап до

Ова значи дека твојата кариера почнува локално и се проширува глобално.

Во текот на програмата работиш на
реални UI/UX проекти

Во текот на програмата работиш на
реални UI/UX проекти

Концепт на професионално портфолио

Програмата е целосно практично ориентирана и комбинира:

– индивидуални проекти
– работа на реален клиент
–  менторски сесии
– portfolio development
– teamwork и презентациски вештини.

Во текот на програмата работиш на реални UI/UX проекти, преку кои градиш професионално портфолио подготвено за твојот следен кариерен чекор.

Индивидуални проекти

Секој модул го заокружуваш со практичен индивидуален проект преку кој ги применуваш новите знаења во реална ситуација.

Работиш на UX Research, user flows, wireframes, прототипи и high-fidelity UI дизајни во Figma, следејќи го процесот од кориснички проблем до финално дигитално решение.

До крајот на програмата имаш завршени case studies – секој со истражување, процес и финален дизајн. Објавени на Behance или сопствено портфолио сајт, спремни за твоето прво интервју.

Во текот на програмата работиш на реални UI/UX проекти.

Проект за реален клиент

Работиш на заеднички проект за вистински клиент со студентите од Академијата за Веб дизајн и Front-End развој, во тим што го симулира начинот на работа во реална компанија.
Како UI/UX дизајнер го развиваш корисничкото искуство, wireframes и финалниот дизајн во Figma, а Front-End тимот го претвора дизајнот во функционален веб-производ.
Стекнуваш практично искуство во соработка меѓу дизајн и development тимови, комуникација, предавање на дизајн за имплементација и работа од бриф до готов производ.
Ова е вистинско искуство на работа во мултидисциплинарен тим, токму како во реална IT компанија.

Меѓународни виртуелни
пракси

Еден од најсилните аспекти на Avenga Academy е пристапот до глобални виртуелни пракси.

Како студент добиваш пристап до платформа што те поврзува со компании ширум светот.

Не завршуваш со сертификат. Завршуваш со портфолио, референци и искуство од работа со вистински клиент.

Нашата мисијa

Learning   →   Experience   →   Career

Ментори

Успешни приказни

Вашата кариера, наша гордост

Следната генерација почнува наскоро.

Бројот на места е ограничен!

Остави ги твоите податоци и дознај дали ова е вистинскиот избор за тебе. По пополнувањето, нашиот тим те контактира во рок од 48 часа за бесплатна консултација.

Контакт

Јулијана Ацовска

FAQ

За кого е наменета оваа академија?

Наменета е за почетници без дизајнерско искуство, за графички дизајнери што сакаат да преминат во дигитален производ, и за секој што сака да изгради портфолио и да работи како UI/UX дизајнер – во компанија или како фриленсер. Не бара предзнаење, со Ниво 1 се започнува од дизајн принципите и алатките.

Не, не е потребно предзнаење. Ниво 1 почнува од дизајн принципи, боја и типографија, па преку Photoshop и Illustrator до првите екрани во Figma. 

Наставата е целосно онлајн и истата се оддржува 3 пати неделно почнувајќи од 17:30 часот до 20:50 часот.

Софтвер алатки и програми кои се потребни за следење на настава се: Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe XD, Figma.

По заршување на академијата, студентите имаат можност за работа/пракса во некоја од нашите партнерски компании, но најголемиот дел од нив се одлучуваат да работат како фриленсери.

Има два начини на плаќање: во готово и на рати без камата.  За секој модел на плаќање, има попуст во одреден период од годината.  Ратите се пресметуваат од месецот на аплицирање до самиот крај на академијата. (бројот на рати варира соодветно времетраењето на академијата за која се аплицира)

Двата модели на наплата се вршат со уплата во банка или електронски. Ние не работиме со уплата во нашите простории.
(Единствено вашето присуство е неопходно при потпишување на нотарски договор, во случај на уплата на рати).

Scroll to Top