Terraform on Azure
Обука која обезбедува практични знаења за автоматизирано креирање, управување и одржување на cloud инфраструктурата преку код, користејќи ја моќта на Infrastructure as Code (IaC) концептот.
Terraform + Azure: Најдобриот тандем за сигурна инфраструктура
Опис
Оваа обука овозможува да ја откриете алатката Opensource креирана од HashiCorp. Terraform е алатка која, пред сè, се користи за развој на инфраструктура за проекти, или „Инфраструктура како код”. Таа ја подобрува брзината на автоматизација, ја зголемува доверливоста со спречување на неконзистентност на конфигурациите, подржува експерименти, тестирања и оптимизација.
Програма
1. Старт и поставување на лабораториска средина
2. Градење на инфраструктура на облак со Terraform
3. Управување со конфигурација: Променливи, извори на податоци и излези
4. Конфигурација на последната милја и Terraform обезбедувачи
5. Скалабилност на модули и работни простори
6. Управување со состојби и далечински бекенди
7. Напредна автоматизација: Terraform Cloud и CI/CD
FAQ
Целна група на слушатели
Оваа обука е наменета за Cloud или DevOps инжењери специјализирани во операции, ИТ или развој.
Дали е потребно предзнаење?
За да може да ја посетувате оваа обука потребно е да имате:
- Основни терминални способности
- Основно познавање на Azure cloud архитектурата
- Разбирање на структура на код и логика
Информации за тренерот
Филип Кировски е искусен ИТ професионалец и технички тренер во Авенга Академи, со специјализација за контрола на верзии, Azure DevOps и cloud инфраструктура. Моментално работи како менаџер за производи на cloud платформа и сертифициран инструктор на Cisco Systems (CCSI), со над 20 години техничка експертиза во едукација на амбициозни инженери.
Terraform on Azure
Редовна цена
247 €
Со попуст
198 €
- Почеток: јуни 2026
- Времетраење: 4 дена
- Локација: онлајн
- Распоред: 2 / 3 пати неделно
- Време: 17:30 – 21:00 ч