Запознајте ја Тамара нашиот алумни студент од Академијата за Програмирање, која по завршувањето на академијата се стекна со можност за пракса токму во Avenga. За нејзиното искуство од академијата и праксата прочитајте подолу .
Здраво, јас сум Тамара Краљевска, Web Developer во Avenga. Личност која полека но сигурно чекори кон својот пат до врвот.
Главната причина поради која се одлучив за оваа кариера, беше моќта на програмирањето. Логиката којашто е најважна за да комуницираш со компјутерот, а потоа динамиката и флексибилноста. Програмерот е креатор на универзуми за кои само тој е законодавец. Ниту еден драматург, император, или пак режисер, колку и да е моќен, никогаш не применил таков апсолутен авторитет да организира сцена или поле за да командува со таква совесност.
Знаев за оваа академија уште многу одамна и не се ни сомневав дека таа ќе биде мојот избор. Avenga Academy за мене беше предизвик кој ме одведе до патот на развојот. Енергијата во оваа Академија е позитивна, часовите се креативни, знаењето огромно.
Во моментов на пракса во Avenga имам можност да работам со навистина искусни програмери. Оваа можност за мене претставува само поголема желба за кодирање, правење на разни проекти и креативност. Здодевноста не може да биде присутна никогаш. Секој ден го користам својот максимум, и очекувам дека крајот на оваа пракса, ќе биде почеток на добра кариера.
Апсолутно. Квалитетноста на менторите ми обезбеди максимално подготовка.
Никогаш не е доцна да започнете со оваа кариера. Единствено што е потребно е максимална посветеност и концентрација. Секој час да го следите како да е последен, бидејќи успехот е директен резултат од тоа колку сте се потрудиле да бидете најдобри. Патот секако дека е долг, но секој долг пат започнува со чекорот број 1.