PMP Project Management Professional
Обука развиена според стандардите и најдобрите практики на Институтот за проектен менаџмент (PMI) и според PMBOK® Guide 7-th Edition.
Оваа обука им овозможува на проектните менаџери да стекнат знаења и вештини за да ја совладаат PMBOK® Guide 7-th Edition и да полагаат Project Management Professional (PMP®) сертификација.
Опис
Со опфатените содржини на обуката се покриени 5 групи на процеси: започнување, планирање, извршување, мониторинг и контрола и завршување на проектот.
Преку разбирлив теориски пристап, се стекнувате со знаења за различните улоги на сите засегнати страни во проектот, распределување на работните задачи во детален план на работа, буџетирање на активностите и ресурсите, распределба на работните часови на членовите на тимот, следење на реализацијата на проектот, ефикасна комуниција со сите инволвирани и проверка на квалитет.
Во текот на работилницата, учесниците ќе раководат со проект, каде ќе ги применат сите стекнати знаења и методологии кои се изучуваат.
Програма
1. Менаџмент на интеграцијата
2. Дефинирање на структурата и обемот на проектот
3. Управување со време и други проектни ограничувања
4. Дефинирање на буџетот и распределба на трошоци
5. Управување со квалитетот
6. Одредување на проектни ресурси и нивна распределба
7. Комуникација со сите засегнати страни вклучени во проектот
8. Управување со ризици
9. Управување со набавки
FAQ
Целна група на слушатели
Обуката за проектен менаџмент според PMI методологија е наменета за учесници кои целат кон стекнување и зајакнување на вештини за подобро управување со времето, парите и човечките ресурси, предвидување на трошоците и ризиците, нивно минимизирање, со цел да се обезбеди максимален квалитет и задоволен клиент.
Дали е потребно предзнаење?
За посета на оваа обука не е потребно предзнаење.
Информации за тренерот
Од 2011 година им помагам на професионалците да ја унапредат својата кариера преку стекнување на глобално признатата PMP® сертификација. Моето менторство е засновано на податоци и резултати: проектните менаџери со PMP сертификат заработуваат во просек 16% повеќе од нивните колеги и предводат 80% од најуспешните проекти во светот.
Во време кога вештачката интелигенција брзо ги трансформира индустриите, јас ги подготвувам моите кандидати со вештини што не можат да бидат заменети од технологијата – лидерство, критичко размислување и стратешка изведба.
За мене, PMP не е само сертификат. Тоа е алатка преку која им овозможувам на професионалците да ја изградат својата иднина и да станат вистински лидери во дигиталната ера.
PMP
Project Management Professional
650 €
585 €
- Почеток: 10.11.2025
- Времетраење: 7 дена
- Локација: онлајн
- Распоред: секој работен ден
- Време: 15:30 – 19:15 ч