Excel ти дава моќ да ги организираш, анализираш и визуелизираш податоците, што е клучно за донесување точни и брзи деловни одлуки.
Опис
Оваа обука е дизајнирана за слушатели кои сакаат да изведуваат точни и брзи пресметки каде резулатите варираат од основни калкулации до комплексни финансиски анализи.
Напредниот MS Excel ќе ви овозможи впечатливо да структуирате и презентирате податоци.
Програма
1. Работа со ќелии
- Копирање и преместување на ќелии (ранг на ќелии)
- Додавање на коментар во ќелија
- Посебни начини на вметнување во ќелии
2. Форматирање на работниот лист
- Работа со стилови
- Теми за форматирање на документ
- Изработка и примена на сопствени формати на броеви
- Условно форматирање
3. Работа со изведени табели (Pivot Tables)
- Креирање на изведена табела
- Форматирање и модифицирање на изведена табела
- Анализирање на податоци со помош на изведени табели
4. Работа со макроа
- Креирање макроа
- Aпсолутно и релативно снимање
- Доделување на макро на копче
5. Прилагодување на палетата со алатки Quick Access
- Додавање на нови команди во палетата Quick Access
- Останати акции со палетата Quick Access
- Прилагодување на линиите со команди
6. Избегнување на грешки во работните листови
- Пронаоѓање и исправување на грешки во формули
- Употреба на Excel-овите алатки за проверка
- Пребарување и замена на податоци
- Проверка на правописот на работните листови
- Автоматско исправување на грешки – AutoCorrect
7. Заштита на документ
- Видови на заштита
- Заштита на работниот лист
- Заштита на работната книга со лозинка
8. Размена на податоци помеѓу Excel и другите апликации
- Копирање и вметнување
- Копирање од Excel во Word
- Вметнување на објект во работниот лист
9. Проверка на валидноста на податоците
- Дефинирање на критериуми за проверка
- Видови на критериуми за проверка
- Изработка на паѓачки листи
- Употреба на формули за проверка
10. Напредни техники за работа со дијаграми
- Бирање и менување на елементите
- Работа со серија податоци
- Изработка и трикови за изработка на шаблонски дијаграми
11. Напредни функции во Excel
- Функции за работа со текст, датум и време
- Логички и статистички функции
- Функции за финансиски пресметки
12. Формули
- Сложени формули за броење
- Формули за условно собирање врз база на еден критериум
- Формули за условно собирање врз база на повеќе критериуми
- Формули со кои се пронаоѓаат вредности
FAQ
Целна група на слушатели
Секој што е заинтересиран за проширување на сопственото знаење за работа со табели и анализа на податоци.
Дали е потребно предзнаење?
Не е потребно посебно предзнаење освен основи на MS Office.
Кој е концептот на часовите?
На часовите се обработува теоријата и се задаваат практични задачи, чии решенија се разгледуваат и дискутираат на следните средби.
Учесниците споделуваат искуства од проектите на кои работат, а заедно се анализираат различни пристапи, можни решенија и добри професионални практики.
Учесниците споделуваат искуства од проектите на кои работат, а заедно се анализираат различни пристапи, можни решенија и добри професионални практики.
Информации за тренерот
Лариса Митиќ – дипломиран машински инженер, со над 10 години искуство како тренер по напреден Excel. 500+ задоволни слушатели од бизнис секторот, млади невработени и лица од социјално ранливи категории.
MS Excel Advanced
Редовна цена
120 €
Со попуст
108 €
- Почеток: март 2026
- Времетраење: 3 недели
- Модел: онлајн
- Распоред: 3 пати неделно
- Време: 18:00 – 20:30 ч