Запознајте ја Марта, алумни студент од Академијата за програмирање. Повеќе од 1 година наученото го применува за MangoSoft а за нејзиното искуство од Академијата и нејзината кариера подетално раскажува во интервјуто.
Себе си се гледам како исклучително упорна личност, тимски играч и секогаш пријателски настроена.
Да си Јуниор Веб Девелопер значи да имаш работа полна со предизвици, во која постојано учиш нови работи и се развиваш. Средина во која што наоѓаш различни и иновативни решенија за проблемите, каде што има многу дружење и тимска работa.
За академијата слушнав од моите пријатели, кои веќе ја завршиле и им била од помош во понатамошната кариера. Avenga Academy игра голема улога во мојот живот, бидејќи ми помогна да направам целосен пресврт во мојата кариера, и сум презадоволна од квалитетот на предавањата и предавачите.
Најголем впечаток ми остави начинот на кој што предавачите ни ја објаснуваа материјата, бидејќи јас дотогаш немав допир со ништо што е поврзано со програмирање, за мене тоа беше потполно нов свет.
Аплицирав за работа за технологија што беше вклучена во програмата на Avenga Academy. На моето прво работно искуство (од оваа област), од мене се бараше буквално тоа што веќе го имав совладано, па воопшто не ми беше тешко. Се чувствував сигурна во себе и бев изненадена од брзината со која ги извршував обврските.
Секој што сака промена на кариера или надополнување на знаењета од оваа област, би препорачала воопшто да не се двоуми. Avenga Academy за мене беше вистинскиот избор, се надевам дека ќе биде и за вас.