Запознајте го Јован, алумни студент од академијата за дигитален маркетинг. По завршување на академијата кариерата ја продолжува во Shortlist како SEO Specialist.Прочитајте го целосното интервју и дознајте повеќе за него!Дознајте повеќе за негово кариерно патување!
Здраво Jован, накратко претстави се себеси
Здраво, јас сум Јован. Имам 24 години и како поранешен студент на академијата за дигитален маркетинг можам да кажам дека се осеќам спремен да нурнам во маркетинг светот.
Што те мотивираше за кариера како дигитален маркетер?
Фактот што уште на мали години сурфам на секакви форуми за маркетинг, блогови и авторитетни страни и низ сите овие години читање имав знаење што чекаше да се стави на тест.
Дали академијата на Avenga Academy ги исполни твоите очекувања?
Дефинитивно. Ги исполни и ги надмина моите очекувања, го зацврсти знаењето што веќе го имав, а во исто време додаде и ново.
Каде се вработи и на која позиција и на кој начин ти помогна aкадемијата во секојдневното работење??
По завршувањето на академијата се вработив во Shortlist како SEO Marketer, благодарение на академијата каде што ги научив термините, процесите и алатките во индустријата со кои си ја олеснив секојдневната работа од ефикасен аспект.
На кого би му го препорачал Avenga Academy при бирање на aкадемија за дигитален маркетинг?
На сите што ги интересира маркетинг, особено младите што се моментално на факултет или се мислат да се запишат ама не се сигурни што сакаат да прават.
Академија за дигитален
маркетинг
1.950 €
1.350 €
- Почеток: октомври 2025
- Времетраење: 6 месеци
- Локација: онлајн
- Распоред: 2 / 3 пати неделно
- Време:17:30 – 20:30 ч