Емил Спиркоски е Алумни студент од Академијата за компјутерски мрежи. По завршувањето на Академијата му се укажа можност да биде дел од тимот на Avenga! Прочитајте за неговото досегашно искуство и како Академијата во Avenga Academy му помогна во градењето на сопствената кариера.
Емил е 26 годишен ентузијаст за компјутерски науки и технологии кој во слободно време шета ретривер (Ари), свири тапани во Pluto’s Doubts и Bandix, а се обидува својата креативност да ја канализира низ секакви други начини во животот.
Студирав Примена на Е-Технологии на Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ) кога открив дека сакам да учам нешто ново и да се развивам повеќе во областа на мрежи и Cloud технологии, а со помош на истражување и препораки во време на пандемија решив дека сакам да се запишам на CloudOps Network Academy во Avenga Academy.
Пред се, благодарен сум на предавачите во Avenga Academy кои многу помогнаа во идентификување на моите интереси и остварување на моите цели како иден компјутерски инженер. Искуството во aкадемијата беше од непроценлива важност како во кариерна – така и во смисла на личен развој.
Како човек со претходно работно искуство можам да кажам дека лесно се адаптирав на новата околина. Тоа говори како за знаењата стекнати при академијата Avenga Academy, така и за отвореноста на работната средина во која се најдов. Сценаријата кои ги работевме на предавањата се мое секојдневие на работното место, а освен што бев спремен за предизвикот, во позиција сум и понатаму да растам и секојдневно да се надоградувам во компјутерските науки.
За сите оние кои што сакаат да се определат кон некаква област поврзана со компјутерските науки, топло им ја препорачувам оваа aкадемија. Подеднакво и за љубопитните и за оние што знаат кон што целат, тимот на Avenga Academy нуди широк спектар на можности и искуства низ кои младиот човек има простор да се пронајде.
Пораката која што би сакал да ја упатам до идните студенти е дека инвестирањето во своето знаење може да ви отвори нови патишта, нови можности и нови предизвици. Не се плашете да го направите тој чекор преку кој ќе ви се отворат видиците и ќе ги постигнете целите кои од секогаш сте си ги замислувале.