Запознајте го Борче Борисовски, алумни студент од академијата за програмирање кој е дел од тимот на Сивус како Front-end developer и воедно го споделува стекнатото знаење и искуство со новите групи во улога на ментор. Прочитајте го целосното интервју!
Пред да се запишам на академијата работев во производство и се одлучив на направам промена во кариера, СЕДЦ ми беше најдобра опција и се одлучив таму да студирам.
Моментално работам како front-end девелопер во Сивус и истовремено сум тренер на Web-Development академијата во СЕДЦ.
Академијата ме подготви за голем дел од предизвиците со кои се сретнав откако влегов во ИТ индустријата. Ме научи како функционира работата во тим и како најдобро да се решат проблемите со кои се сooчувам во моето секојдневие како професионалец
Омилен јазик за девелопмент е секако Javascript, бидејќи е најфлексибилен јазик и воедно најкористен во светот. Тоа значи дека бројот на проблеми кои можат да се решаваат во него е огромен.
Една од најдобрите работи што ги научив како студент е да работам на мали поединечни проекти додека трае академијата, затоа што така се гради искуство што е најблиску до тоа што го има во индустријата. Ова денес им го кажувам на сите студенти, затоа што мислам дека е бесценето како искуство во нивните кариери.
Академијата е интензивна и има многу информации, дадете се што можете, на моменти можеби ќе биде премногу, но верувајте му на процесот и секогаш споредувајте го вашето знаење со тоа што сте го имале на почетокот.