Бизнис анализа во IT
Бизнис анализа во IT е обука дизајнирана за почетници во областа на бизнис анализа, со фокус на ИТ индустријата.
Ако сакаш да започнеш кариера во оваа област или да научиш поефикасно да работиш, како и да менаџираш бизнис аналитичари, тогаш оваа обука е идеална за тебе.
Опис
Обуката започнува со основните концепти на бизнис анализа и обработува напредни методи, техники и алатки специфични за ИТ компаниите или при развој на ИТ софтвер. Ти нудиме теоретско знаење, поддржано со практични примери и реални бизнис сценарија, кои ќе ти помогнат во секојдневната работа како бизнис аналитичар.
По завршувањето на обуката ќе:
• Стекнеш со солидно познавање на обврските на бизнис аналитичар.
• Можеш да оперираш со клучни концепти при работа како бизнис аналитичар.
• Се здобиеш со практично знаење од областа на бизнис анализа при развој на софтвер во ИТ тим.
• Развиеш вештини за критичко мислење, решавање на проблеми, како и комуникациски и презентациски вештини, кои се неопходни за позицијата бизнис аналитичар.
Приклучи се на обуката и започни го твојот пат кон успешна кариера во бизнис анализа!
Програма
1. Вовед во бизнис анализа
- Изучување на клучни термини и концепти, улогата на бизнис аналитичар, типичен ден како бизнис аналитичар во ИТ индустрија.
2. Бизнис стратегија
- Разбирање и дефинирање на стратешката насока на организацијата.
3. Соработка
- Дефинирање на деловните засегнати страни (stakeholders) и развој на интерперсонални вештини и техники неопходни за градење на силни деловни односи со нив.
4. Животен циклус на развој на софтвер (SDLC)
- Увид во управување со ИТ проекти и развој на информациски системи.
5. Анализа на барања и дефиниција на дизајн
- Обработка на бизнис процеси и нивно моделирање. Усовршување на техники за прибирање и документирање на барања низ нивниот животен циклус.
6. Улогата на податоците во бизнис анализа
- Увид во податочна анализа како бизнис аналитичар и донесување на одлуки.
7. Менаџмент на квалитет и контрола
- Воспоставување стандарди за квалитет, управување со ризици и усогласување на активностите со организациските цели.
8. Улогата на вештачка интелигенција во бизнис анализа
- Разбирање на технологиите за вештачка интелигенција, нивните потенцијални придобивки и етичките размислувања околу нивната употреба во деловната анализа.
9. Современа бизнис анализа
- Практично искуство со популарните стандарди и алатки за бизнис анализа и примена на соодветни техники во различни деловни контексти.
10. Завршен проект: Развој и евалуација на бизнис случај
- Практично развивање и процена на бизнис случаи за ИТ проекти.
FAQ
На кој јазик се одвива наставата?
Наставата за оваа обука се одвива целосно на македонски јазик.
Дали е потребно предзнаење?
За посета на оваа обука не е потребно предзнаење.
Повеќе информации за тренерот
Стефани Ковачевска има повеќегодишно искуство како бизнис аналитичар во интернационални ИТ компании, меѓу кои и во AI индустријата. Таа ги комбинира своето знаење и практично искуство во компјутерските науки со пасијата за бизнис, и нуди консултантски услуги на ИТ пазарот. На своите позиции има менаџирано тимови од ИТ, бизнис и маркетинг. Нејзиното портфолио опфаќа различни домени и проекти, како Coca Cola, P&G, TAXUD, YOLOv5.
Покрај професионалното работно искуство како бизнис аналитичар, Стефани е креатор и тренер на професионалната обука по бизнис анализа во ИТ. Истата брои над 100-тина поранешни слушатели, меѓу кои и сегашни вработени во фирми од Големата четворка.
Кој е концептот на часовите?
На часовите се објаснува теоријата и се даваат домашни задачи чии решенија се образложуваат на самите часови. Се споделуваат искуства од проектите на кои работат слушателите и се дискутираат можни решенија, добри пракси и слично.
Бизнис Анализа во IT
850 €
638 €
- Почеток: 2025
- Времетраење: 80 наставни часа
- Локација: онлајн
- Распоред: 2 / 3 пати неделно
- Време: TBD