Академија за DevOps
Запознај се со сите практики, алатки и начини кои овозможуваат побрза имплементација и мониторирање на сервиси со единствената aкaдемија за DevOps во Македoнија!
Академијата нуди обука која ги комбинира вештините на развој и операции, за брзо и ефикасно управување со инфраструктура и автоматизација во модерните ИТ системи.
Опис
Наставата во секој модул е поделена на теоретски и практичен дел. Програмата вклучува практична работа со инсталација и конфигурација на Kubernetes cluster, конфигурација на различни сервиси и инфраструктури во Azure cloud, креирање на pipelines во Azure DevOps и пишување на Infrastructure-as-code со Terraform.
По завршување на 9 месечната програма од 312 часа, ќе бидеш подготвен/а за успешна кариера како специјалист за DevOps.
Придобивки
- Со секој упис ти следуваат бесплатни обуки во вредност од 590 евра.
- AI обука
во вредност од 250 € - Обука за тимска работа и вовед во корпоративна култура
во вредност од 120 € - Обука за меки вештини
во вредност од 220 € - Единствена DevOps академија на Балканот
- Запознавање и практикување на SDLC
- Учење и усовршување на најбараните DevOps алатки
- Подигнување на DevOps процес од нула (ground-up)
- Работење hands-on на симулирани околини
- Прилагодени и таргетирани предавања, базирани на официјални Microsoft курсеви (Cloud, DevOps, Security)
- Континуирана комуникација со менторите и координаторот, за време и по завршување на студиите
- Кариерно советување
Програма
Задолжителен модул
1. Запознавање со материјата
- IT Essentials
- Основни информации за вмрежување
- Безбедносни основи
- Основи на Windows Сервер
Задолжителен модул
2. Linux
- Инсталација
- Администрација и следење
Бонус модул
3. AI Unplugged
- Автоматизација и дигитализација
Задолжителен модул
4. Azure Cloud
- Aдминистрација
- Aрхитектура и безбедност
Задолжителен модул
5. Kubernetes – Концепти, администрација и следење
- Запознавање со Kubernetes
- Основи на Kubernetes
- Основи на Containers
- Вмрежување во Kubernetes
- Складирање во Kubernetes
- Операции на кластери
- Забележливост
Задолжителен модул
6. Version control & Git
- Вовед во version control
- Инсталација на Git
- Основни команди на Git
- Разгранување и спојување
- Ребазирање и задржување
Задолжителен модул
7. Azure DevOps
- Развојни процеси
- Континуирана интеграција
- Континуирана испорака
- Управување со пакети
- Апликациска инфраструктура и повратни информации
Задолжителен модул
8. Terraform на Azure
- Вовед во IaC
- Основи на Terraform
- Променливи и параметризација
- Јамки и циклуси
- Градење модули
Ментори
Ментор
Тони Тодоров
Engineering Lead / DevOps @Avenga
Ментор
Дени Јованов
DevOps engineer @Avenga
Ментор
Маријан Ѓеоргиев
Head Of Competency @Avenga
Ментор
Филип Кировски
Cloud Platform Product Manager @Open GI
Ментор
Филип Петрушевски
Software Engineer @Avenga
Вашата кариера, наша гордост
Успешни приказни
Академија за DevOps
„Доколку сте дел од оние кои секогаш се стремат да научат повеќе и да го надградат своето знаење во IT светот, DevOps академијата е вашиот следен чекор!“
Успешни приказни
Академија за DevOps
„Не се плашете да поставувате прашања за сето она што ве интересира, секогаш барајте дополнителни ресурси за учење и вежбање.“
FAQ
За кого е наменета оваа академија?
Академијата за DevOps е наменета за ИТ професионалци кои веќе имаат работно искуство во индустријата. Причина за ова е комплексноста на програмата која се изучува, во која се покриваат теми за cloud технологии, microservices и Kubernetes, Terraform, Linux администрација и неколку дополнтелни алатки од DevOps екосистемот. Сите овие технологии и алатки се многу барани и потребни во арсеналот на еден DevOps специјалист, и нивното познавање ќе ви помогне да ја промените или изградите вашата успешна кариера како таков.
Дали е потребно предзнаење?
Да, предзнаење во одредени теми е потребно за секој потенцијален слушател на оваа академија. Бидејќи е високо-специјализирана, секој почетник во ИТ областа ќе има големи потешкотии да ги следи и совлада темите кои се изучуваат. Потребното предзнаење може да се класифицира во неколку категории:
– Компјутерски мрежи: како функционира компјутерска мрежа, мрежни протоколи, TCP/IP suite, OSI референтен модел, IP адресирање и subnetting
– Сајбер безбесност: основи, типови на напади (за апликации, мрежи и системи), начини и алатки за заштита
– Оперативни системи: основно познавање на Linux (било кое distro, shell команди, конфигурација и одржување) и Windows Server (снаоѓање во cmd и Powershell, конфигурација и одржување, Active Directory, и други останати server roles)
– Технологии за виртуализација: концепти, начин на работа (Hyper-V, V-Sphere)
– Основно познавање на Cloud computing
Начини на плаќање
Има два начини на плаќање: во готово и на рати без камата. За секој модел на плаќање, има попуст во одреден период од годината. Ратите се пресметуваат од месецот на аплицирање до самиот крај на академијата. Бројот на рати варира соодветно времетраењето на академијата за која се аплицира.
Двата модели на наплата се вршат со уплата во банка или електронски. Ние не работиме со уплата во нашите простории.
Физичко присуство е потребно единствено при потпишување на нотарски договор, во случај на уплата на рати.
Академија за DevOps
3.500 €
2.800 €
- Почеток: 01.12.2025
- Времетраење: 9 месеци
- Локација: онлајн
- Распоред: 2 / 3 пати неделно
- Време:17:30 – 21:00 ч