Академија за продукт и проектен менаџмент
Усоврши го развојот на продукти користејќи Agile и Scrum практики. На академијата за продукт и проектeн менаџмент , ќе ги совладаш Agile методологиите кои се клучни за водење на тимови и испорака на успешни продукти.
Комплетна (E2E) тренинг програма за секој што сака да воведе нов продукт или проект, од иницијатива, преку избор на соодветна методологија до финална реализација.
Опис
Е2Е тренинг програма која ве води низ целокупниот процес, од идеја до успешно имплементиран продукт или проект на време! Научи како да планираш и управуваш со продукти и проекти со примена на AI и соодветните методологии, Agile, Waterfall, Scrum и Hybrid. На академијата предваат сертифицирани експерти од индустријата, што ја прави совршена за професионалци кои сакаат да успеат на глобалниот пазар за труд.
Придобивки
- CPD Акредитација
- Припрема за работа
- Кариера
Програма
1. Вовед во програма и клучни поими
2. Вовед во продукт и проект менаџмент
3.Продукт менаџмент
4.Креирање на концепт за продукт
5. Истражување на пазар, планирање и развој
6. Идентификација на потребата за проект и подготовка на документација
7. Проектна организација и одговорности
8. Фази на проектен менаџмент
9. Започнување и планирање на проект
10. Извршување на проект, мониторинг и контрола
11. Евалуација на успешноста на проектот
12. Финализирање на проектот со извештај и предавање во операции
13. Вовед во Agile
14. Scrum Framework
15. Алатки за agile развој
16. Go to market
17. Работа со податоци → Beyond launch и метрики за следење на успехот
18. Проекти и работилници
Ментори
Ментор
Елена Стаменковска
Co-Founder and CEO @Altera Works DOO
Ментор
Јасмина Ацковска
Marketing Expert @ A1 Makedonija
FAQ
За кого е наменета оваа академија?
Академијата е наменета за сите кои сакаат да стекнат или го унапредат знаењето во областа на продукт и проектен менаџмент. Добредојдени се почетници но и професионалци од други области кои размислуваат за промена на кариера, како и оние кои сакаат да ја продлабочат својата експертиза.
На што е ставен фокусот и дали ќе добијам практично искуство на академијата?
Преку академијата се стекнуваат практични вештини и знаења потребни за развивање и управување со продукти. Ќе креирате силен business case, со користење на алатки за product research и discovery, како и да планирате, организирате и спроведувате успешни проекти според класични и Agile методологии.
Ќе се запознаете со SCRUM framework, go-to-market стратегиите, анализа на податоци и следење на метрики по лансирање, како и со улогата на вештачката интелигенција во современиот продукт и проектен менаџмент.
Зошто е важно да знам продукт и проект менаџмент?
Успешен бизнис зависи од силен производ или квалитетна услуга. За тоа не е доволна само добра идеја, потребен е структуриран пристап, јасна стратегија и ефикасно управување со ресурси, тимови и време. Затоа знаењето од овие области е клучно за секој што сака да создава вредност и да постигне резултати.
Каков е форматот на академијата?
Академијата е организирана во повеќе модули и се одвива преку интерактивни предавања, реални case studies, тимска работа со практични задачи и менторска поддршка од искусни професионалци.
Кои се опциите за плаќање?
Има два начини на плаќање: во готово и на рати без камата. За секој модел на плаќање, има попуст во одреден период од годината. Ратите се пресметуваат од месецот на аплицирање до самиот крај на академијата. Бројот на рати варира соодветно времетраењето на академијата.
Двата модели на наплата се вршат со уплата во банка или електронски. Ние не работиме со уплата во нашите простории.
Физичко присуство е потребно единствено при потпишување на нотарски договор, во случај на уплата на рати.
Академија за продукт и проектен менаџмент
2.450 €
1.750 €
- Почеток: 10.11.2025
- Времетраење: 6 месеци
- Локација: училна/хибрид
- Распоред: 2 пати неделно
- Време: 18:00 – 20:30 ч