Академија за компјутерски мрежи и IT операции (ITOps)
Академијата за компјутерски мрежи и ITOps, нуди практична обука за конфигурирање, одржување и обезбедување на компјутерски мрежи и мрежни системи.
Доколку те интересира коренот на интернетот и подлогата на мрежите, академијата за Computer Networks and ITOps ќе те подготви за успешна кариера во индустријата.
Опис
Наставата содржи интензивна теоретска и практична работа, со многу вежби на мрежна опрема и сервери. Вклучува одржување на PC и управување со сервиси, конфигурација на свич и рутер, практични и теоретски испити за секоја тема, сертификати за успешно завршени модули издадени од Microsoft и Cisco.
По заршување на 9 месечната програма од 632 часа,си подготвен/а за успешна кариера како специјалист за Computer Networks and ITOps.
Придобивки
- AI обука во вредност од 250 €
- Обука за тимска работа и вовед во корпоративна култура во вредност од 120 €
- Обука за меки вештини во вредност од 220 €
- Сертификати за успешно завршени модули издадени од Microsoft и Cisco
- 55% попуст при полагање на CCNA испитот
- Кариерно советување
- Бесплатни обуки од Cisco:
-Вовед во сајбер безбедност
-Вовед во Modern AI
-Netwroking Basics
-Ethical Hacker
Програма
1. Cisco IT Essentials
2. CCNA1: Вовед во мрежи
3. CCNA2: Префрлување, рутирање и безжични основни елементи
4. CCNA3: Вмрежување на претпријатија, безбедност и автоматизација
5. WS 011: Windows Сервер 2019 администрација
6. MS 900: Основи на Microsoft 365
7. MS 102: Microsoft 365 aдминистратор
8. Linux: основно ниво
9. Linux: напредно ниво
Ментори
Координатор
Марија Ферро
Academy Coordinator@Avenga Academy
Ментор
Игор Мицевски
ITOps @Avenga Academy
Ментор
Игор Јанчев
Head of Service Offering @Avenga
Успешни приказни
Успешни приказни
Академија за компјутерски мрежи и IT операции (ITOps)
“Академијата за компјутерски мрежи и ITOps несомнено ги исполни моите очекувања во однос на програмата, материјата, софистицираноста на алатките што се изучуваат ”.
Успешни приказни
Академија за компјутерски мрежи и IT операции (ITOps)
“Академијата ми пружи сеопфатен дијапазон врзан за компјутерските мрежи CISCO, Windows Server, Microsoft Azure, како и многуте елементи врзани за Cyber Security”.
Успешни приказни
Академија за компјутерски мрежи и IT операции (ITOps)
“Искуството во aкадемијата беше од непроценлива важност како во кариерна – така и во смисла на личен развој”.
Успешни приказни
Академија за компјутерски мрежи и IT операции (ITOps)
“Најмногу имав афинитет за cloud и cloud инфраструктура, односно, како функционира, како е дизајниран и како најдобро може да се искористи cloud’от”.
Успешни приказни
Академија за компјутерски мрежи и IT операции (ITOps)
„Академијата ме подготви за соочување со новите предизвици и полесно адаптирање на нова работна средина.“
Успешни приказни
Академија за компјутерски мрежи и IT операции (ITOps)
„Самата академија ме подготви доволно добро за почеток и влез во оваа струка и во ИТ светот“.
FAQ
За кого е наменета оваа академија?
Академијата за компјутерски мрежи и ИТ операции е наменета за секој студент кој сака да се посвети на коренот на мрежите, начинот на кој функционира преносот на податоци, како и типичните и неопходни сервиси во секоја компанија.
Дали е потребно предзнаење?
Оваа академија не бара претходни познавања. Наставата е комбинација од теоретски и практични занења. Насочена е кон Microsoft Office 365 и Cisco мрежните технологии. Опфаќа техники за дизајнирање на мрежа, одржување на апликациски сервиси, како и употреба на инфраструктурни сервиси.
Како се одвива наставата?
Наставата е со физичко присуство и истата се оддржува секој работен ден од понеделник до петок од 9 часот до 12:30 часот.
Кои се опциите за плаќање?
Има два начини на плаќање: во готово и на рати без камата. За секој модел на плаќање, има попуст во одреден период од годината. Ратите се пресметуваат од месецот на аплицирање до самиот крај на академијата. Бројот на рати варира соодветно времетраењето на академијата.
Двата модели на наплата се вршат со уплата во банка или електронски. Ние не работиме со уплата во нашите простории.
Физичко присуство е потребно единствено при потпишување на нотарски договор, во случај на уплата на рати.
Академија за компјутерски
мрежи и IT операции (ITOps)
2.950 €
2.450 €
2.350 €
- Почеток: ноември 2025
- Времетраење: 9 месеци
- Локација: училница
- Распоред: 5 пати неделно
- Време:9:00 – 12:30 ч