ВИ мастер клас за лидери насочени кон иднината

Водете ја ВИ ерата – не ја следете.

Несомнено е дека ВИ не е веќе избор -
таа е конкурентската предност.

Опис

Во морето од полупроверени информации, клучното прашање за секој бизнис лидер е “ Како ефикасно да ја применам вештачката интелигенција” и притоа да поставам jасна патека за утврдување на ROI, управување со ризици и трансформација на работната сила?

Ова е внимателно дизјанирана програма која поаѓа од специфичната стратешка перспектива на бизнис лидерите (топ менаџмент и среден менаџмент) и им дава комплетен увид во можностите, вештините и практичните алатки потребни за интеграција на ВИ, но пред се, ги подготвува да направат квалитетна проценка и да донесат информирана одлука дали и на кој начин ќе интегрираат ВИ технологија и уште поважно како ќе ги мерат резултатите од ваквата дигитална трансформација.

Зошто треба да започнете сега
Делувајте први -
водете го пазарот

Оние што ќе се движат сега,
ќе ја дефинираат иднината.

rocket-2 (1)
Изградете доверба со одговорна примена на AI

Разберете ги етичките
и регулаторните аспекти.

external-link (1)
Овозможете нова продуктивност во тимот

Новите алатки бараат нови
вештини и лидерски пристап.

bulb (1)
Постигнете
докажан ROI

Намалете трошоци, отворете нови извори на приходи и надминете јa конкуренцијата.

dollar-circle (1)
Програма

Шест интензивни модули. Вистинска бизнис вредност.

1. Основи и стратегија за ВИ



Разлика меѓу традиционална и генеративна ВИ со примери од реален бизнис
повраток на инвестиција (ROI)

2. Податоците како конкурентна предност



Како да ги искористите податоците за попаметни одлуки.

3. ВИ лидерство и управување



Управувана трансформација, успешна стратегија и надминување на недостатокот од вештини.

4. Мерење на ROI



Критериуми за успех, модели за монетизација.

5. Етика и управување со ризици



Заштита на податоци, правичност и доверба.

6. ВИ продуктивност и работна сила



Автоматизација, подобрување на процеси и ефикасност.

Што ќе добиете?
Јасна патека
за интеграција на AI во вашиот бизнис
Практични алатки
за мерење на ефективност и ROI
Рамка за управување
со етичка и одржлива примена на AI
Стратегии
за надградување и адаптација на вашиот тим
Јасна патека
за интеграција на AI во вашиот бизнис
Практични алатки
за мерење на ефективност и ROI
Рамка за управување
со етичка и одржлива примена на AI

Стратегии
за надградување
и адаптација на
вашиот тим

Ментори

Д-р Миодраг Цекиќ е основач на Adopt Intelligence и водечки експерт во LearnAI Lab, со повеќе од 14 години искуство како Microsoft MVP и софтверски инженер.
Специјализиран е во развој на cloud-native решенија и примена на LLMs и генеративна ВИ во различни индустрии (медицина, финансии, образование, телекомуникации, маркетинг, право). Како технички лидер и solution architect има водено тимови во создавање скалабилни и интелигентни апликации. Поседува докторат по биоинженерство, со истражување во примена на машинско учење за персонализирана медицина. Активно придонесува кон локалните и глобалните технолошки заедници и е посветен на иновации што ја обликуваат иднината со ВИ.

Драган Илиевски е професионалец во областа на сајбер безбедноста и основач на Pentestiverse. Неговото повеќе од 11 годишно искуство во областа на инженерство, автоматизација и сајбер безбедност, подразбира претворање на комплексни предизвици во безбедни, автоматизирани решенија, секогаш во служба на трансформација на бизнисот.

Како докажан професионалец во open source заедницата, тој е посветен на подигањето свест и јавното говорење за теми поврзани со заштита на приватноста и е несебичен во споделување на своето знаење. Преку ангажманот во LearnAI Lab и Avenga Academy, во моментов е фокусиран на развивање на следната генерација на хибридни таленти во безбедноста, обезбедувајќи практични алатки и стручно водство неопходни за нивен успех.

Петјо Димитров е искусен професионалец со повеќе од 18 години искуство во развој на Java ентерпрајз апликации, интеграции и решенија базирани на SOA и микросервиси. Како водечки технички консултант и архитект во Avenga (поранешно Musala Soft), глобална технолошка компанија со повеќе од 6000 експерти, тој е посветен на успешно реализирање на големи и долгорочни проекти за клиенти како IBM, Deutsche Telekom, Volkswagen, како и бројни банки, FinTech компании и стартапи.

Во последните неколку години, Петјо ја презема и улогата на водечки експерт за Data & AI услуги во Avenga, фокусирајќи се на проширување на партнерствата со клучни клиенти, унапредување на постојните решенија и интеграција на најсовремените иновации во технолошките процеси.

Како доктор на науки по компјутерски системи, Петјо активно учествува на конференции и е член на професионални заедници, каде со ентузијазам го споделува своето знаење и искуство, поттикнувајќи континуиран развој и иновации во технолошкиот екосистем.

Сакате екслузивен пристап до целата програма?
Ексклузивна понуда:

1+1 партнерска можност
За секој пријавен учесник, втор колега од истата компанија може да учествува бесплатно , затоа што вистинската трансформација се постигнува заедно.

FAQ

Целна група на слушатели

Извршни директори, бизнис лидери, менаџери за претвидливост (foresight), лидери за трансформација, директори за стратегија и иновации

За посета на оваа обука не е потребно предзнаење.

 Сертификат за посетувана обука
2 часа индивидуална консултација по завршувањето на програмата

ВИ мастер клас за лидери насочени кон иднината

1+1 партнерска можност

1.200 €​​

900 €​​

Scroll to Top
Славица Милошевиќ