Adobe Illustrator
Обука на која ќе ги совладате алатките за креирање професионални векторски графики, логоа и илустрации за дигитална и печатена употреба.
Illustrator е векторски програм за цртање, кој претставува стандард во индустријата за дизајн на векторска графика.
Опис
Овој програм често се користи за цртање на илустрации, цртани филмови, дијаграми, табели и логоа. За разлика од Bitmap сликите кои ја чуваат информацијата во координантна мрежа, Illustrator користи математички равенки за исцртување на формите. Ова ги прави векторските графики скалабилни без загуба во резолуцијата.
Преку интеграција со други Adobe програми се овозможува поставување на векторски графики на веб или во видео.
Придобивки
- CPD Акредитација
- AIPMM сертификација
- Припрема за работа
- Кариера
Програма
1. Запознавање со работната површина и избор на цртежи
2. Користење на облици за креирање на цртежи за разгледници Трансформација на цртежи
3. Креирање на илустрации со алатките за цртање и користење на боја за подобрување на знаци
4. Додавање на тип на постер
5. Организација на вашиот цртеж во слоеви, мешавини и шаблони
6. Користење на четкички за креирање на постер
7. Истражување на креативни употреби на ефекти и графички стилови Креирање цртеж за маичка
8. Користење на Illustrator CC со други Adobe апликации
9. Експортирање на содржини
FAQ
Целна група на слушатели
Оваа обука е наменета за секој заинтересиран за проширување на сопственото знаење во користење на оваа Adobe алатка.
Дали е потребно предзнаење?
За посета на оваа обука не е потребно претходно предзнаење.
Информации за тренерот
Тренер на обуката е Јулијана Ацовска, координаторка на Академијата за графички дизајн во Qinshift Academy. Таа е тренер за MS Office и Adobe обукиte за крајни корисници со повеќе од 15 години искуство.
Adobe Illustrator
145 €
- Почеток: TBD
- Времетраење: 30 наставни часа
- Локација: онлајн
- Распоред: 2 пати неделно
- Време: 17:30 – 20:00 ч