Мерима Мумџиќ – Графички дизајнер во Avenga Academy

Здраво Мерима, накратко кажи ни за себе?


Јас сум Мерима Мумџиќ, имам 27 години и сум димпломиран професор по македонски јазик кој не успеал да се вработи по струка. Како самоук уметник, се решив на некој начин да го реализирам афинитетот кон уметноста и да го пренасочам во нешто што ќе ми стане професија.

Донесе одлука повторно да се вратиш во студентските клупи, зошто баш Академијта за Графички дизајн во Avenga Academy?

По бројните успешни студенти се решив за Avenga Academy и сметав дека академијата за графички дизајн е идеално решение, како и најдобар канал за преточување на креативноста во визуелна уменост.

Со какви предизвици се соочи на Академијата?

Можам да кажам дека најголемиот предизвик ми беше да ја реализирам идејата преку алатките и програмите кои ми беа тотално непознати. Технички, почнав од нула.

Како би го опишала процесот од студент до вработен?

Процесот од студент до вработен бара посветеност и мотивација. Мотивација во текот на студиите, мотивација за успешно завршување и мотивација за наоѓање работа.

Што значи во моментов да си Graphic Designer?

Успешно реализирање на целта преку професија која ме исполнува.

Порака до сите кои се заинтересирани за академијата за графички дизајн

Академијата бара посветеност и вложување труд, но е одличен катапулт за сите кои сакаат да почнат нова кариера, за млади и постари, за оние кои не успеале да се пронајдат во својата професија или пак мислат дека е доцна за нешто ново.

Scroll to Top