Здравo, јас се викам Иван, имам 24 години и сум од Битола. Студирав на факултетот за ликовни умтености – Скопје, смер скулптура и модул графички дизајн.
Љубовта кон уметноста и дигиталниот свет, сакав да ја надградам со нови знаења.
Повеќе би сакал да изучувам motion design, затоа што креативно се пронаоѓам во тоа и кариерно би се усмерил во тој правец.
Пред запишувањето имав само искуство со илустрација, меѓутоа со текот на обуката процесот на дизајнирање стана побрз и посигурен.
Прв реален проект беше дизајн на лого за клиент, а потоа создавање на бренд индентитет. Работев како тимски лидер, имавме многу работа. Научивме колку е важна организираноста, работењето во тим, а и како ефикасно да го користиме даденото време за проектот.
Јас преферирам илустрација, затоа што имам најмногу искуство со тоа и добивам повеќе инспирација од стрип и анимација.
Би препорачал да ги совладаат принципите и елементите на дизајн и уметноста, поради тоа што низ текот на годините софтверите и алатите што ги користиме се менуваат, ама основите секогаш остануваат исти и се присутни во сите насоки на дизајн.