Здраво, јас сум Рената, алумни студент на академијата за Software Testing, инаку дипломиран економист по Е-Бизнис на Економски факултет. Голем љубител на добри книги, моментално во процес на градење на домашна библиотека 😊
Кога решив дека сакам да направам промена во кариерата, Software Testing беше првата работа која ме привлече бидејќи нуди многу интересна и предизвикувачка кариера, имаш простор за креативност и иновација, постојано учење и развој. За СЕДЦ имав слушнато многу позитивни коментари, програмата им беше многу добро организирана, па мојот избор беше лесен.
Минимални. Претходното работно место ми беше од областа на финансии и администрација, па познавањата од IT сферата би рекла дека ми беа минимални пред да се запишам на академијата.
Баланс меѓу двете 😊 Двата типа на тестирање – мануелно и автоматско се применливи во различни случаи во зависност од различни фактори – буџет, барањата и структурата на проектот, достапни ресурси и време, и не се меѓусебно исклучиви, туку треба внимателно да се одбере кога мануелно, а кога автоматско тестирање.
И двете, секој за својата намена.
Работата на реален проект на самиот крај на академијата би рекла дека ми беше најголем предизвик. Работевме во тим со колеги од останатите академии, и тогаш за прв пат добиваш чувство како би изгледала работата во еден тим составен од девелопери, дизајнери, тестери. Комуникацијата и тимската работа од почетокот до крајот на проектот беше голем предизвик и едно многу убаво искуство за мене.
Организацијата на времето е предизвик исто така. Во тој период имав работа со полно работно време, после кое брзав да стигнам на предавања, а по предавањата мораш да најдеш време да ги завршиш зададените домашни задачи и да научиш нешто повеќе за темата.
За сите оние кои се двоумат дали да започнат кариера во Software Testing, го препорачувам како навистина интересна област, со многу можности и ве охрабрувам да го направите тој следен чекор. Верувајте во себе и доколку вложите доволно време и труд, верувам дека ќе ви се исплати.
Креирај ја и ти својата успешна приказна преку академијата за софтвер тестинг!