Мотивацијата да се запишам во Avenga Academy беше да го надградам моето знаење за сајбер безбедност, поточно за CEH сертификатот. Сакав да видам како е да се биде од другата страна на Firewall-от бидејќи моето деосегашно искуство секогаш било дефанзивно.
Академијата и испитот беа многу интересни, беше фасцинантно да се види кои се алатки и начини се користат за тестирње и пенетрација на разни системи.
Бидеќи мојата професија е од делот на техничко обезбедување, секојдневно барем малку добивам шанса да осознаам нешто ново во сајбер безбедноста и да применам некоја од техниките научени на академијата, такашто ги зацврснувам своите знаења во истата.
Овој тип на професија е од многу голема важност и таа со текот на времето ќе биде се поголема. Како што се развива технологијата и имплементацијата на IoT системите во секојдневието, сигурноста ќе стане императив.
Како што напоменав, ја имам таа среќа да работам во областа на техничката безбедност и добивам барем еднаш во денот шанса да ги применам своите вештини и воедно да ги подобрам.
На сите оние кои размислуваат да се запишат на оваа академија, многу топло би им ја препорачал. Доколку сакаат нивната идна порфесија да биде во делот на сајбер безбедноста и да бидат спремни за за тешки, но воедно интересни предизвици.
🗯️”Сајбер безбедноста е уметност, не e само знаење”- додаде Игор.
Академијата за сајбер безбедност ја применува теоријата во пракса преку проекти и виртуелни вежби!