Разговараме со Марио Гогов, алумни студент од академијата за компјутерски мрежи и ИТ операции кој по успешното завршување на академијата се вработи во Seavus како IT operations and Support engineer. Прочитајте го целосното интервју и дознајте повеќе за кариерното патување на Марио од музичар до ИТ инженер.
Здраво, здраво! Јас сум Марио и имам 25 години. Оригинално од Охрид, дојдов во Скопје каде што студирав на факултетот за музичка уметност. Во кратки црти, 2 карактеристики што би се истакнале кај мене се креативноста и љубопитноста за константно учење нови работи.
Желбата за учење информатика ја имав уште како дете, а за компјутерски мрежи се појави од кога почнав да истражувам во кое поле во ИТ најмногу би се пронашол.
За мене академијата беше цел пресврт од каде што доаѓав претходно, односно музичката дејност. Но, сфатив дека најголемиот предизвик веќе сум го поминал претходно, а тоа е пристапот кон самиот материјал, на креативен и динамичен начин.
Мислам дека најмногу имав афинитет за cloud и cloud инфраструктура, односно, како функционира, како е дизајниран и како најдобро може да се искористи cloud’от.
Се вработив во Avenga на позицијата Junior IT Operations and Support Engineer.
Не е битно од која претходна струка или знаење навлегувате во ИТ светот, се додека имате пасија и се додека ве привлекува тој свет ништо не ве спречува да почнете и да сте зачудени од колку потенцијал би имале.