Мастерклас за Вештачка Интелигенција за бизнис лидери

Водете ја ВИ ерата – не ја следете.

Несомнено е дека ВИ не е веќе избор - таа е конкурентската предност.

Опис

Во морето од полупроверени информации, клучното прашање за секој бизнис лидер е “ Како ефикасно да ја применам вештачката интелигенција” и притоа да поставам jасна патека за утврдување на ROI, управување со ризици и трансформација на работната сила?

Ова е внимателно дизјанирана програма која поаѓа од специфичната стратешка перспектива на бизнис лидерите (топ менаџмент и среден менаџмент) и им дава комплетен увид во можностите, вештините и практичните алатки потребни за интеграција на ВИ, но пред се, ги подготвува да направат квалитетна проценка и да донесат информирана одлука дали и на кој начин ќе интегрираат ВИ технологија и уште поважно како ќе ги мерат резултатите од ваквата дигитална трансформација.

Зошто е неопходно да почнеме навреме?

  • ВИ се развива брзо – оние кои делуваат сега, ќе имаат можност активно да го дефинираат пазарот, останатите ќе следат.
  • Регулативите и етичките аспекти се неизоставен дел од имплементацијата – лидерите мора да воспостават одговорни ВИ практики пред ризиците да преовладаат и да ја нарушат довербата.
  • Промената во работната сила е неминовна – продуктивноста со ВИ бара нови вештини и нов лидерски менталитет.
  • Докажан поврат на инвестицијата – ROI. Оние кои ќе започнат на време веќе ги намалуваат трошоците, отвораат нови извори на приход и ги надминуваат конкурентите.
Програма
1. Основи и стратегија за ВИ



Разлика меѓу традиционална и генеративна ВИ со примери од реален бизнис
повраток на инвестиција (ROI)

2. Податоците како алатка



Како податоците да ви донесат конкурентска предност.

3. AI Лидерство и Управување



Водење промени, поставување стратегија, затворање на јазот во вештини.

4. Проценка на ROI од ВИ



Критериуми за успех, модели за монетизација.

5. Етика и управување со ризици



Заштита на податоци, правичност и доверба.

6. Продуктивност и развој на работната сила



Автоматизација, подобрување на процеси и ефикасност.

Сакате екслузивен пристап до целата програма?

FAQ

Целна група на слушатели

Извршни директори, раководители на бизнис единици, лидери на трансформација, директори за стратегија и иновации.

За посета на оваа обука не е потребно предзнаење.

  • Јасна патека за усвојување на ВИ прилагодена на вашиот бизнис
  • Алатки за мерење на ефективност и ROI од ВИ
  • Рамка за управување за етичка и одржлива примена на ВИ
  • Стратегии за надградување и адаптација на тимот за иднината

3 часа индивидуална сесија со менторот, прилагодена на природата на вашиот бизнис

Сертификат за посетена обука

Д-р Миодраг Цекиќ е основач на Adopt Intelligence и водечки експерт во LearnAI Lab, со повеќе од 14 години искуство како Microsoft MVP и софтверски инженер.
Специјализиран е во развој на cloud-native решенија и примена на LLMs и генеративна ВИ во различни индустрии (медицина, финансии, образование, телекомуникации, маркетинг, право). Како технички лидер и solution architect има водено тимови во создавање скалабилни и интелигентни апликации. Поседува докторат по биоинженерство, со истражување во примена на машинско учење за персонализирана медицина. Активно придонесува кон локалните и глобалните технолошки заедници и е посветен на иновации што ја обликуваат иднината со ВИ.

Драган Илиевски е професионалец во областа на сајбер безбедноста и основач на Pentestiverse. Неговото повеќе од 11 годишно искуство во областа на инженерство, автоматизација и сајбер безбедност, подразбира претворање на комплексни предизвици во безбедни, автоматизирани решенија, секогаш во служба на трансформација на бизнисот.

Како докажан професионалец во open source заедницата, тој е посветен на подигањето свест и јавното говорење за теми поврзани со заштита на приватноста и е несебичен во споделување на своето знаење. Преку ангажманот во LearnAI Lab и Avenga Academy, во моментов е фокусиран на развивање на следната генерација на хибридни таленти во безбедноста, обезбедувајќи практични алатки и стручно водство неопходни за нивен успех.

Мастерклас за Вештачка Интелигенција за бизнис лидери

1.200 €​​

900 €​​

Scroll to Top