Вистинска Web Developer кариера со меѓународно искуство

Не само СО диплома – ТУКУ СО вештини за работа со  најновите програмски јазици и развиена интуиција за пишување на ефикасен, безбеден и одржлив код со ефикасно користење на алатки базирани на AI.

Биди дел од следната генерација. Усписите се во тек.
Virtual internship program

Глобален пристап по завршување

190+ земји 20,000+ компании Remote проекти

Реално сценарио

Зошто повеќето завршуваат академија... и тука застануваат?

Во Avenga Academy, овој предизвик го решаваме поинаку: градиш кариера додека учиш
Типична академија
Avenga Academy
Локален пазар, локални шанси

По завршување си ограничен на локалниот пазар на труд без контакт со меѓународни компании.

Виртуелни пракси во 190+ земји

Добиваш пристап до глобална платформа со 20,000+ компании уште за време на учењето.

Типична академија
Локален пазар, локални шанси

По завршување си ограничен на локалниот пазар на труд без контакт со меѓународни компании.

Avenga Academy
Виртуелни пракси во 190+ земји

Добиваш пристап до глобална платформа со 20,000+ компании уште за време на учењето.

земји
0 +
Практикантски можности во
Компании
0 +
Мрежа од
Алумнисти
0 +
Заедница од
глобални кариерни можности, секој ден
0 +
Пристап до

Ова значи дека твојата кариера почнува локално и се проширува глобално. 

Како функционира програмата?

Изгради ја твојата Web Developer кариера
чекор по чекор

Програмата е дизајнирана како прогресивно патување.
Секое ниво претставува реална кариерна пресвртница, не само збир од курсеви.
Со секое ниво отклучуваш нови способности и кариерни можности.

Програма

Front-End Development & AI Fundamentals
Твојот влез во светот на веб програмирањето
Front-End Developer

модули

Вовед во програмирање и AI Широк вовед во веб развој AI за програмери (LLMs, Generative AI, Prompt-based learning) Основи на JavaScript Напреден JavaScript

Идеално ако започнуваш од нула, сакаш брз влез во ИТ секторот или си студент кој сака реално искуство и портфолио уште пред дипломирање.

Почеток: мај 2026
Времетраење: 3 месеци
Кариерен исход
Junior Front-End Developer / работа со веб технологии во реална средина
Создаваш динамични веб интерфејси
Разбираш и применуваш AI алатки во развојот
Работиш со реален JavaScript код од првиот еден
Цена за Ниво 1
Редовна цена
1.100 €
На рати
950 €
Во готово
830 €

Модули

ООП со C# Релациони бази на податоци со MS SQL Server Напредно програмирање со C# Веб-апликации со ASP.NET Core MVC RESTful веб-сервиси со ASP.NET Напредни апликации базирани на податоци

Идеално ако го завршил си Ниво 1 и сакаш да го надградиш знаењето со серверска логика или се насочуваш кон .NET екосистемот, еден од најбараните во корпоративниот свет.

Почеток: септември 2026
Времетраење: 4 месеци
Кариерен исход
Junior .NET Developer / / развој на серверски апликации во реална средина
Градиш и одржуваш backend системи со C# и ASP.NET
Работиш со релациони бази на податоци и SQL
Развиваш RESTful API-и кои ги користат реални апликации
Цена за Ниво 1 + Ниво 2
Редовна цена
2.400€
На рати
2.050 €
Во готово
1.800 €

Модули

Web API со NodeJS и MongoDB Релациони бази на податоци со PostgreSQL Напреден Web API со NestJS и PostgreSQL Frontend со React Frontend со Angular Автентикација и авторизација со Angular

Идеално ако те интересира modern full-stack развој со најбарани технологии на пазарот или сакаш да градиш реални API-и и се насочуваш кон стартапи и tech компании.

Почеток: октомври 2026
Времетраење: 3 месеци
Кариерен исход
Junior Full-Stack JavaScript Developer/ развој на современи веб апликации
Градиш backend API-и со Node.js и NestJS
Работиш со SQL и NoSQL бази на податоци
Развиваш frontend апликации со React и Angular
Водиш тим и GTM стратегија
Цена за Ниво 1 + Ниво 2
Редовна цена
2.400 €
На рати
2.050 €
Во готово
1.800 €

Модули

Практични ASP.NET апликации Full-Stack со Next.js Full-Stack со Angular & NestJS Cloud-native апликации со .NET & Angular

Идеално ако те сакаш да специјализираш modern full-stack развој со градење на production-ready апликации и се подготвуваш за меѓународна виртуелна пракса.

Почеток: јануари 2027
Времетраење: 1 месец
Кариерен исход
Junior Full-Stack Developer / развој на напредни cloud апликации во реална средина
Градиш современи full-stack апликации подготвени за продукција
Работиш со cloud-native архитектури
Стекнуваш меѓународно искуство преку виртуелна практика
Водиш тим и GTM стратегија
Цена за сите Нивоа
Редовна цена
2.900 €
На рати
2.500 €
Во готово
2.200 €

За кого е наменета оваа програма?

Не мора да ги поминеш сите 3 нивоа. Ти одлучуваш до каде ќе одиш.

Во текот на програмата работиш на
реални девелопмент проекти!

Во текот на програмата работиш на реални девелопмент проекти!

Фаза 1 -  Front-End Development
Завршен проект на НИВО 1

Во првата фаза го поставуваш темелот на твојот проект. Работиш на креирање на кориснички интерфејс, структура и функционалност на апликацијата користејќи современи front-end технологии. Преку реални сценарија, учиш како да изградеш производ што е интуитивен, функционален и подготвен за понатамошна надградба. До крајот на оваа фаза, имаш целосно изграден front-end како основа за целиот систем.

Фаза 2 - Back-End & Integration проект
Завршен проект на НИВО 2

Во втората фаза, проектот го претвораш во комплетен систем. Работиш на развој на back-end логика, поврзување со бази на податоци и интеграција преку API. Ова е фазата каде што апликацијата добива „живот“ – податоците се обработуваат, функционалностите се комплетираат и системот станува целосно оперативен. Резултатот е end-to-end решение што симулира реален софтверски продукт.

Фаза 3 – Team Project & Collaboration

Во финалната фаза работиш како дел од тим, во средина што ја симулира реалната индустрија. Соработуваш со студенти од различни академии -програмирање, data, product и project management, со јасно распределени улоги и заедничка цел.

Преку ова искуство развиваш не само технички вештини, туку и комуникација, организација и тимска работа, клучни за твојата идна кариера.

Меѓународни виртуелни
пракси

Еден од најсилните аспекти на Avenga Academy е пристапот до глобални виртуелни пракси.

Како студент добиваш пристап до платформа што те поврзува со компании ширум светот.

Нашата мисијa

Learning  →  Experience   →   Career

Учи од професионалци

Нашите предавачи се докажани професионалци од индустријата кои секојдневно работат на проекти каде што практично се применуваат технологиите што се изучуваат на академијата, а во последниот период исто така се целосно во тек со последните трендови како правилно да се применува вештачката интелигенција во програмирањето. 

Вашата кариера, наша гордост

FAQ

На што е ставен фокусот за вработување во оваа индустрија и во таа насока кои се приоритетите на Академијата?

Најважно е студентите да се стекнат со практични вештини и компетенции преку развој на сопствено портфолио на проектни активности, што всушност е и главниот фокус на оваа академија. Студентите ја завршуваат академијата со индивидуални проекти и еден групен проект за реален клиент.  

Најчесто студентите што ја посетуваат оваа академија имаат за цел или да ги дооформат своите компетенции и да ги зајакнат  практичните вештини за програмирање, во случај кога имаат образовна основа,  или, во целост да започнат да го изучуваат програмирањето со цел промена или унапредување на постоечката професија, па оттука, истите често се во работен однос. Затоа како еден од можните начини за следење на наставата е овозможен онлајн моделот. За студентите што имаат можност исто така традиционално ќе биде достапен и моделот со физичко присуство. 

Во зависност од распоредот на групата, предавањата се одвиваат понеделник – среда или вторник – четврток, секогаш во терминот од 17:30 до 20:45, со дополнителна сесија секој втор петок

Ќе се користат униформни, флексибилни и етаблирани AI алатки и од страна на предавачите и од страна на студентите што ќе овозможат конзистентност, користење на соодветни модели, и доволно предвидлива и стандардизирана генерирана содржина.

Улогата на предавачите подразбира истовремено и водичи и ментори низ учење помогнато од алатки базирани на ВИ, со што студентите ќе стекнат знаење како правилно да ги користат истите во насока на забрзување и продлабочување на учењето, објаснување на сложени концепти или изворен код, како и промовирање на критичко размислување во смисла како алатката базирана на ВИ да помогне во решавање на технички проблеми но притоа да не го замени во целост програмерот.  

Софтверски алатки и програми кои се потребни за следење на настава се: Visual Studio Code и Visual Studio. 

Најчесто студентите што ја посетуваат оваа академија имаат за цел да ја променат постоечката професија и истите се во работен однос. Затоа како еден од можните начини за следење на наставата е овозможен онлајн моделот. За студентите што имаат можност исто така традиционално ќе биде достапен и моделот со физичко присуство.
Часовите се одржуваат од понеделник до четврток и секој втор петок од 17:30 до 20:45 часот.
Улогата на предавачите подразбира истовремено и водичи и ментори низ учење помогнато од AI алатки, со што студентите ќе стекнат знаење како правилно да користат AI алатки во насока на забрзување и продлабочување на учењето, објаснување на сложени концепти или изворен код, како и промовирање на критичко размислување во смисла како AI алатката да помогне во решавање на технички проблеми но да не го замени комплетно програмерот.

Ќе се користат униформни, флексибилни и етаблирани алатки и од страна на предавачите и од страна на студентите што ќе овозможат конзистентност, користење на соодветни модели, и доволно предвидлива и стандардизирана генерирана содржина. 

Алатките за програмирање ќе ги користат и предавачите и студентите од самиот воведен предмет со што ќе се овозможи пишување ефективни прашања за генерирање изворен код, критички пристап кон проценка на генерираниот изворен код согласно користењето на алатките како асистенти, и етичка примена на овие алатки во делот на приватност, безбедност и интелектуална сопственост.  

Интензитетот на практично користење на алатките базирани на ВИ ќе се зголемува инкрементално од предмет во предмет. Посебно во почетните предмети, истите ќе се користат за да идентификуваат погрешни или неефикасни практики во програмирањето и да предложат посоодветни практики низ конкретни примери. 

Преку можноста студентите да работат на проекти базирани на практични барања или старт-ап идеи, со можност студентите да бидат вклучени од самиот старт првенствено во дефинирањето на барањата, потоа имплементацијата да ја реализираат со помош на AI алатки, како и да се заокружи проектот со испорака на финална верзија на продукција, студентите ќе имаат референци за учество во реализација на проекти заклучно со завршувањето на академијата.

Методологијата за учење помогнато од алатки базирани на ВИ се фокусира на учење преку правење, со нивна интегрирана употреба како помош и поддршка. Акцентот се става на разбирање на основните концепти и брзо прототипирање, а не на меморирање на синтакса или сеопфатно изучување на секој детаљ. Алатките базирани на ВИ  ќе се користат како асистенти за брзо генерирање на изворен код, дебагирање и објаснување, дозволувајќи им на предавачите да се фокусираат на архитектурни концепти, добри практики, и критичко размислување. да работат на проекти базирани на практични барања или старт-ап идеи, со можност студентите да бидат вклучени од самиот старт првенствено во дефинирањето на барањата, потоа имплементацијата да ја реализираат со помош на AI алатки, како и да се заокружи проектот со испорака на финална верзија на продукција, студентите ќе имаат референци за учество во реализација на проекти заклучно со завршувањето на академијата.

Можноста за самостојно учење ќе биде достапна во понапредните односно подоцнежните предмети каде студентите ќе се очекува да градат вештини за самостојно совладување на соодветно предвидените технологии преку користење на алатки базирани на ВИ. Овој пристап ќе подразбира користење на можноста за генерирање на модули и компоненти, имплементација на комплексни алгоритми, рефакторирање и оптимизација, објаснување и дебагирање на проблематични сценарија, автоматски тестови, како и критичка евалуација.  

По завршување на академијата, студентите имаат можност за работа/пракса во некоја од нашите партнерски компании, но голем дел од нив се одлучуваат да работат како фриленсери. 

По завршувањето на академијата ќе се стекнете со компетенција: Веб девелопер со вештини за програмирање со примена на алатки базирани на ВИ.

Има два начини на плаќање: во готово и на рати без камата.  За секој модел на плаќање, има попуст во одреден период од годината.  Ратите се пресметуваат од месецот на аплицирање до самиот крај на академијата. (бројот на рати варира соодветно времетраењето на академијата за која се аплицира)

Двата модели на наплата се вршат со уплата во банка или електронски. Ние не работиме со уплата во нашите простории.
(Единствено вашето присуство е неопходно при потпишување на нотарски договор, во случај на уплата на рати).

Следната генерација почнува наскоро.

Бројот на места е ограничен. Аплицирај навреме.
Стани дел од Avenga Academy и направи го првиот чекор.

Контакт

Сара Блажеска
Scroll to Top