Kubernetes
Обука која обезбедува практични знаења за управување со контејнеризирани апликации, автоматизација на нивното распоредување и скалирање во современи cloud околини.
Оваа обука е особено важна бидејќи им овозможува на ИТ професионалците ефикасно да управуваат со модерни инфраструктури и да ја зголемат сигурноста, скалабилноста и достапноста на апликациите.
Опис
Најчесто употребуваниот збор во ИТ индустријата во последните неколку години, DevOps, не дефинира една област на експертиза. Во суштина тоа е методологија која вклучува различни пристапи, процеси и алатки кои овозможуваат апликативниот код да биде на располагање и достапен како производ на крајните корисници.
DevOps инженерите имаат големо познавање на различни ИТ области, како инфраструктура, мрежна комуникација, обработка на податоци во cloud, сајбербезбедност, автоматизација и употреба на скрипти и имаат барем некакви програмерски вештини.
Програма
1. Запознавање со Kubernetes
2. Основи на Kubernetes
3. Основи на контејнери
4. Вмрежување во Kubernetes
5. Складирање во Kubernetes
6. Операции на кластери
7. Забележливост
FAQ
Целна група на слушатели
Обуката е наменета за сите оние кои работат како cloud, сигурносни или систем инжињери, DevOps специјалисти или апликативни програмери.
Дали е потребно предзнаење?
За посета на оваа обука потребно е да имате предзнаење во работа со администрација на Linux системи, вмрежување и виртуелизација.
Информации за тренерот
Илија Паноски
Kubernetes
593 €
- Почеток: мај 2026
- Времетраење: 12 дена
- Локација: онлајн
- Распоред: 2 / 3 пати неделно
- Време: 17:30 – 21:00 ч