Што претставува да си UI/UX дизајнер
“The new normal” ги насочи малите и големите бизниси се повеќе да целат кон целосен онлајн service. Овој тренд донесе поголемиот дел од IT гранките во светот да се во голем подем.
Сите информации почнаа да ни стануваат целосно достапни онлајн, затоа фирмите се се повеќе насочени кон инвестирање во изгледот и функционалноста на нивните веб страни. Оваа промена на пазарот за труд го зголеми барањето од UI/UX Дизајнери!
Што е UI
Пред се зборот „UI” претставува „кориснички интерфејс“.
Корисничкиот интерфејс е графички распоред на апликацијата.
Полињата за внесување текст и самиот текстот што го читаат, сликите, и се останато со што корисникот може да има интеракција се копчињата на кои корисниците кликнуваат. Секој вид визуелен елемент, интеракција или анимација мора да биде дизајниран.
Оваа работа им припаѓа на UI Дизајнерите. Тие одлучуваат како ќе изгледа апликацијата или веб страната, тие треба да изберат бои и облици на копчиња, ширината на линиите и фонтовите што се користат за текстот. Во буквална смисла создаваат изглед и чувство на корисничкиот интерфејс на апликацијата или веб страната.
Што е UX
„UX“ претставува „корисничко искуство“.
Искуството на корисникот со апликацијата се одредува според тоа како тие комуницираат со неа. Дали искуството е непречено и интуитивно или незгодно и збунувачко, dали интеракцијата со апликацијата им дава на луѓето чувство дека истата ефикасно функционира или се чувствуваат како да се борат со апликацијата?
UX Дизајнерите ја одредуваат структурата на интерфејсот и функционалноста. Како е организирано и како сите делови се поврзани еден со друг.
Корисничкото искуство се одредува според тоа колку е лесно или тешко да се комуницира со елементите на корисничкиот интерфејс што ги создале UI дизајнерите.
Две професии што работат во хармонија
UX одлучува како функционира корисничкиот интерфејс, додека UI одлучува како изгледа. Ова е многу колаборативен процес и двата дизајнерски тима имаат тенденција тесно да соработуваат заедно. Додека тимот на UX го разработува текот на апликацијата или веб страната, како сите копчиња ве навигираат и како интерфејсот ефикасно ги исполнува информациите за потребите на корисникот, тимот на UI работи на тоа како ќе се појават сите овие елементи на екранот.
Кариера како UI/UX Дизајнер
Иако разбирањето како функционира една апликација или веб страна е корисно за работа како дизајнер на UI/UX, не е потребно да имате познавање од програмирање!
Ова ќе е огромно олеснување за оние кои сакаат да створат IT кариера без да програмираат.
Секаде и секогаш ќе се бараат UI/UX дизајнери.
Ако ги погледнете отворените работни места на LinkedIn, можете да најдете десетици илјади отворени позиции. И секој ден оваа бројка само се зголемува.
UI/UX дизајнерите се од особена важност за IT гиганти како Google, Microsoft, Amazon, Facebook, Apple како и за сите останати компании/организации. Со подемот на IT компаниите во Македонија, ваквите дизајнери се се повеќе потребни.
Со голема слобода може да кажеме дека се и дефицитарни во нашата држава.
Прв чекор до успешна UI/UX кариера
Седц секогаш ги следи најдобрите и најбараните професии за да се создаде кадар кој ќе биде спремен веднаш по едукативните процеси да се впушти во нова кариера.
UX/UI Академијата ги прати светските трендови и е најдобрата можност за во наредните неколку месеци да ја отпочнете својата нова кариера или промените сегашната.
Академија за UI/UX
дизајн
1.450 €
1.200 €
- Акредитирана програма од МОН
- Почеток: 2025
- Времетраење: 4.5 месеци
- Локација: онлајн
- Распоред: 2/ 3 пати неделно
- Време:17:30 – 20:50 ч